back to top
9.8 C
Skopje
петок, 25 септември , 2026

Мелони руши рекорди; Денес е тој ден

Други наслови

Денес, владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе стане најдолгогодишната влада во историјата на Италијанската Република.

Денес таа ќе наполни 1.413 дена на власт и ќе ја надмине втората влада на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој беше на власт 1.412 дена од јуни 2001 до април 2005 година, а партијата „Браќа на Италија“, чиј претседател е Мелони, по овој повод организира голем состанок во Бари, каде што темите за економскиот раст и безбедноста ќе бидат ставени во преден план пред следните парламентарни избори.

Во меѓувреме, нејзината влада веќе ги надмина владите на Матео Ренци, првиот кабинет на Бетино Кракси и четвртата влада на Силвио Берлускони и стана втората најдолговечна влада во 80-годишната историја на Републиката, достигнување постигнато во мај, според римскиот портал „Wanted in Rome“.

Нејзината партија ќе го одбележи рекордот со голем национален митинг во јужниот пристанишен град Бари на 4 септември, под слоганот „Најстабилната влада, најсилната Италија: четири години посветеност на нацијата“.

Меѓу достигнувањата, како што пишува Sole24Ore, се рекордна стапка на вработеност од 63,2 проценти и невработеност од 5,8 проценти, даночна реформа и намалување на даночниот товар врз работната сила, преку кои, како што тврди партијата, „повеќе од 21 милијарда евра директно влегле во џебовите на Италијанците“.

Партијата „Браќа на Италија“ го наведува постигнувањето на нови колективни договори, намалувањето на разликата во приносите помеѓу италијанските и германските државни обврзници на помалку од 80 базични поени, како и подобрувањето на позицијата на Италија во однос на Франција кога станува збор за приносите од државните обврзници.

Во брошурата, исто така, се наведува дека бројот на пристигнувања на мигранти од јануари до јули е намален за 80 проценти во споредба со истиот период во 2023 година. Партијата, исто така, наведува мерки за поддршка на семејствата, помош на жените кои страдаат од насилство и воведување на кривично дело фемицид, нови закони за кинематографија и вештачка интелигенција, раст на извозот од 2,7 проценти од 2022 до 2025 година, на повеќе од 643 милијарди евра, раст на туризмот, „оживување на земјоделството“, реформи во училиштата и универзитетите, единствена специјална економска зона и вклучување на спортот во Уставот.

Во документот, како што забележува италијанскиот весник, не се споменуваат неуспешните реформи – судската реформа што беше отфрлена од гласачите на референдумот, реформата на премиерскиот систем што остана настрана, реформата на автономијата што ја изгуби својата првобитна важност, како и реформата на статусот на Рим како главен град, која остана. Мелони постојано ја претставуваше долговечноста на нејзината влада како политички успех, оценувајќи дека таа ѝ обезбедила на Италија она што ретко го имала, континуирана политичка стабилност. Патот до рекордот не беше без политички превирања.

Првиот декрет на владата, донесен само неколку дена по стапувањето на должноста, се однесуваше на нелегалните рејв забави и заострувањето на регулативите против организираниот криминал, најавувајќи низа безбедносни мерки кои беа критикувани од опозицијата.

Опозицијата, исто така, го критикуваше укинувањето на програмата за финансиска помош за граѓаните, како и укинувањето на кривичното дело злоупотреба на службена положба. Во март, владата се соочи со голем политички удар откако на референдум беше отфрлена судската реформа. Поразот доведе до неколкудневни разговори на највисоко ниво на извршната власт за можноста за распишување предвремени избори.

Мелони одлучи да ја консолидира власта, наместо да ризикува со распишување избори. Џорџо Мелони стана премиер на Италија на 22 октомври 2022 година, што ја прави првата жена премиер во историјата на таа земја. Пред изборите во 2027 година, Мелони се соочува и со растечки предизвик од поранешниот генерал на италијанската армија Роберто Ваначи, чија крајно десничарска партија „Национална иднина“ неодамна ја престигна Напред Италија и стана четвртата најпопуларна политичка партија во Италија. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести