back to top
13.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

Министерство за здравство: Семејство донираше органи и даде надеж, нивната одлука е водич за нас во креирањето на идните политики

Други наслови

Министерството за здравство објавува дека едно семејство донирало органи, спасувајќи неколку животи.

„Кога болката е неподнослива, а зборовите немаат моќ, постојат луѓе кои наоѓаат сила да донесат можеби најхумана одлука. Токму ова го направи едно семејство, кое во најтешките моменти од својот живот одлучи да им даде живот на другите. Со оваа извонредна одлука за донирање органи, нивниот близок продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓето кои повторно имаат шанса за живот.“

„Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и вера чека на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и бескрајна благодарност. Во исто време, 23-годишно момче доби бубрег, а со него и можност за подобар квалитет на живот. Донирано е и коскено ткиво, уште еден извонреден подарок, кој ќе помогне во заздравувањето и враќањето на животот“, велат од Министерството за здравство.

„Министерството за здравство изразува најдлабока почит кон ова храбро семејство. Нивната одлука е водич за нас во креирањето на идните политики. Благодарност до сите здравствени работници, чија посветеност, експертиза и професионализам ја остварија оваа благородна мисија за надеж и нов живот“, вели Азир Алиу.

„Голема почит за семејството на починатиот донатор, кое со оваа храбра одлука одлучи да го промени крајот на нечија приказна. Кога сме обединети и имаме толку хумана мисија, заедно и како тим можеме да ги поместиме границите“, вели Билјана Кузмановска.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести