back to top
11.8 C
Skopje
недела, 22 ноември , 2026

Пронајдено заканувачко писмо во канцеларијата на претседателката Сиљановска-Давкова, приведен 46-годишен маж

Други наслови

Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во канцеларијата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, на улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје.
Според информациите на дел од медиумите, писмото било пронајдено од вработените во канцеларијата на 18 ноември, по што случајот бил пријавен во полиција во 9:50 часот.

Содржината на писмото засега не се открива, ниту е познато кому конкретно биле упатени заканите.

Во врска со случајот, од слобода е лишен 46-годишен маж со иницијали В.К., кој бил пронајден набргу по настанот, а лоциран преку видео-надзорот.

Потврда за настанот дадоа и од Министерството за внатрешни работи.

По целосното документирање на случајот, против приведениот се очекува да биде поднесена соодветна кривична пријава. Од МВР не прецизираат за кое кривично дело ќе се гони лицето.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести