back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Министерство за финансии: Уште 2,4 милиони евра за локалните компании

Други наслови

Министерството за финансии објавува дека префрлило уште 148,6 милиони денари или 2,4 милиони евра во Банката за развој, средства наменети за поддршка на инвестиции од домашни компании.

Министерството за финансии вели дека со најновиот трансфер од централниот буџет до Банката за развој, вкупната вредност што беше пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите е 14,5 милијарди денари или 235,8 милиони евра.

„Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвиден во буџетот е 250 милиони евра, додека вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра. Средствата обезбедени од Владата и пласирани кај домашните компании под поволни услови се насочени кон реализација на приватни инвестиции, што ќе обезбеди нивен развој и ќе го стимулира економскиот раст.“

„Средствата ќе бидат распределени до крајните корисници преку комерцијални банки, каде што каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години, а грејс периодот е до 3 години“, велат од министерството.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести