back to top
30.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Мисајловски најавува нов колективен договор: Ќе има зголемување на платите во Армијата

Други наслови

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите за припадниците на Армијата.

Тој посочи дека разговорите со синдикатите за новиот колективен договор ќе започнат во понеделник и дека почнувајќи од следната година, се планира зголемување на платите и бодовите за пресметување на платите.

Според него, во наредните години ќе има и процентно зголемување на платите во согласност со буџетските можности.

Мисајловски нагласи дека Министерството паралелно работи на сервисирање на обврските наследени од минатото, особено врз основа на тужби, додавајќи дека секоја година се плаќаат неколку илјади вакви случаи.

Тој нагласи дека со тековниот ребаланс на буџетот, приоритет е покривање на старите долгови, но и обезбедување средства за подобрување на капацитетите и нови инвестиции во Армијата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести