back to top
13.8 C
Skopje
четврток, 29 октомври , 2026

Муцунски: Дијалогот со Бугарија продолжува по изборите, ќе прифатиме каква било поддршка од ЕУ за долгорочно решение

Други наслови

Македонија очекува земјите-членки на Европската Унија да ги почитуваат највисоките стандарди на владеење на правото и смета дека е неприфатливо Бугарија да биде засолниште за осудени лица и лица против кои се водат судски постапки. Ова денес го изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, по средбата со неговиот словачки колега, Јурај Бланар, кој е во официјална посета на Скопје.

Муцунски нагласи дека земјата продолжува со напорите за наоѓање одржливо решение за напредок во европските интеграции.
Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање дали имал нова средба со својот бугарски колега по инцидентот со бегството на Ива Михаилова, рече дека ќе биде внимателен во изјавите поврзани со ова прашање, бидејќи, како што нагласи, Македонија нема интерес да стане дел од политичката сцена поврзана со темата, особено во периодот кога во Бугарија се одржуваат претседателските избори.

„Постои дијалог и тој ќе продолжи. Воспоставуваме билатерален дијалог со Бугарија, но и со претставници на Европската унија и земјите-членки на ЕУ. Активно разговараме за сите одлуки поврзани со европската интеграција, бидејќи тие бараат консензус“, рече Муцунски.

Муцунски објави дека во последните денови имал важни средби на највисоко ниво, вклучително и со францускиот министер за европски прашања, во Црна Гора, каде што директно ги презентирал ставовите на нашата земја. Тој нагласи дека за време на денешната средба со неговиот словачки колега Јурај, деблокадата на процесот на европска интеграција била една од главните теми, со оглед на тоа што сите одлуки поврзани со проширувањето и интеграцијата имаат извонредна тежина и бараат целосен консензус во Брисел.

Тој нагласи дека секое решение што ќе се постигне со Бугарија, доколку е во согласност со позициите на земјата, ќе мора да добие поддршка и консензус во рамките на ЕУ. Според него, европскиот пат на земјата нема алтернатива и Владата ќе продолжи да работи на ова прашање.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести