Возачот на Ферари ја објави првата фотографија со својата нова девојка и јасно е дека тие повеќе не се разделуваат откако ја потврдија својата врска.
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон повеќе не се во тајна врска, а сè почесто откако ја потврдија својата повеќемесечна романса, објавуваат заеднички работи на социјалните мрежи. Тие моментално се на заеднички одмор, а возачот на Формула 1 објави неколку фотографии со ријалити ѕвездата.
На една од сликите, Ким позира на лулашка во фустан со отворен грб , додека тој е во преден план, со свртен грб, што јасно покажува дека уживаат во заедничките моменти и дека повеќе немаат апсолутно што да кријат.

„Само малку летен одмор. Благодарен сум за овие слободни денови. Се вратив на патеката со енергија и подготвен“, напиша популарниот Луис.
Тој сподели и неколку семејни моменти, од плажа, од манастирот, а неодамна помина време со семејството на Ким Кардашијан и позираше со нејзините деца
Гласините за нивната врска траеја со месеци, сè додека во јуни, ријалити ѕвездата не објави нивни заеднички слики, со што потврди дека има нова љубов.

