back to top
18.8 C
Skopje
недела, 20 септември , 2026

„Не го удрив соиграчот, ниту тој мене!“ Валверде открива што се случило на тренингот на Реал Мадрид: Разбирам дека полесно ви е да верувате…

Други наслови

Кратко откако во медиумите се појави веста дека Орелан Чуамени го удрил и го соборил Федерико Валверде до бесвест на тренингот на Реал Мадрид, и дека уругвајскиот фудбалер претрпел трауматска повреда на мозокот како резултат на тоа, следеше демант. И од Валверде, ни помалку ни повеќе.

Валверде објави долга изјава на својот официјален профил на Инстаграм во која детално објаснува што се случило меѓу него и Чуамени, и како се здобил со повреда на главата поради која ќе мора да направи пауза од 10 до 14 дена.

Ја споделуваме неговата изјава во целост.

„Инцидентот што го имав со мојот соиграч беше резултат на напната ситуација на тренинг, а контекстот на натпреварувањето и големата фрустрација прават сè да изгледа посериозно и поголемо отколку што е.

Овие работи се случуваат често, но во нормалните соблекувални, проблемите се решаваат интерно и не се објавуваат јавно. За жал, денес некој побрза да раскаже приказна, што, во комбинација со сезона без трофеј (Реал Мадрид е секогаш во центарот на вниманието во таа смисла), доведе до тоа сè да биде преувеличено.

Денес имавме уште едно несогласување. За време на расправија, случајно удрив во масата, си го исеков челото и морав да одам во болница како мерка на претпазливост.

Мојот соиграч не ме удри, ниту јас него, иако разбирам дека е полесно да веруваш дека сме се скарале или дека сè било намерно. Но, тоа не се случи.

Жал ми е што гневот и фрустрацијата што ги почувствував на крајот од сезоната, кога некои од нас беа без сила, ме доведоа до точка да се расправам со соиграч.

Жал ми е. Навистина ми е жал и ме боли што Реал Мадрид минува низ сето ова. Реал Мадрид е едно од најважните нешта во мојот живот и не можам да бидам рамнодушен. Сето ова е резултат на бесмислена расправија, ми го нарушува имиџот и остава простор за сомнежи, измислици и клевети за инцидентот.

Нема да давам никакви изјави до крајот на сезоната. Бевме елиминирани од Лигата на шампионите, во мене се насобраа гнев и бес. Потрошивме уште една година, а досега не дадов никакви изјави на социјалните мрежи бидејќи верував дека сè што имам да кажам – треба да се каже на теренот. Многу ми е жал што оваа ситуација доведе до тоа да го пропуштам следниот натпревар од медицински причини.

Секогаш давам се од себе на теренот, и поради тоа многу ме боли што не можам да играм. На располагање сум на клубот и моите соиграчи за сè што сметаат дека е потребно.“

Ви благодарам.

Федерико Валверде

Што се случи на тренинг?

Извори од соблекувалната за „Марка“ изјавија дека Валверде одбил да се ракува со Чуамени, обвинувајќи го за „протекување“ информации за нивниот претходен судир, и дека тоа кулминирало со сериозна тепачка по завршувањето на тренингот, кој бил полн со груби стартови од Уругваецот. Според „Марка“, Валверде ја претрпел повредата на главата случајно, при пад, додека „Ас“ тврди дека Чуамени го нокаутирал.

Исто така, се тврди дека Валверде ја изгубил свеста од силата на ударот и дека го напуштил тренинг центарот во инвалидска количка.

Сериозноста на ситуацијата довела до итен состанок во соблекувалната само неколку минути по инцидентот, на кој бил присутен Хозе Анхел Санчез и покрената е дисциплинска постапка против двајцата играчи.

Во моментов, атмосферата во Мадрид е исклучително напната. Шпанските гиганти се напнати, владее хаос и се чини дека Реал ќе ја заврши сезоната без трофеј.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести