back to top
19.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Обдукцијата не најде дрога ниту алкохол кај Ивана -Кокаин и дијазепам кај Стојанче

Други наслови

Професорот Златко Јачевски, кој ја изврши обдукцијата врз Ивана Стојаноска, на судското рочиште направи разлика помеѓу повредите предизвикани од падот и оние здобиени претходно.

Според него, некои од повредите на лицето биле стари околу една недела, додека модринките на вратот се случиле непосредно пред смртта.

Тој изјави дека кај Ивана не се пронајдени алкохол, дрога или седативи. Во меѓувреме, кај обвинетиот Стојанче Јовановски се пронајдени високи концентрации на кокаин и дијазепам.

Од друга страна, докторката Ана Ивчева нагласи дека повредите на брадата се предизвикани од стискање со прсти.

Обвинетиот во своето сведочење негираше дека употребил насилство и не ги спомена наводите за тепање.

Судското рочиште ќе продолжи со презентирање на завршни зборови, закажани за 28 април.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести