Франција размислува за воведување на целна помош за граѓаните кои зависат од автомобили откако цените на горивата се зголемија поради војната на
Блискиот Исток, изјави денес францускиот премиер Себастијан ле Корнеј.
Тој нагласи дека владата не планира обемни и скапи субвенции, туку прецизно насочена поддршка за најранливите, објави Блумберг.
„Не верувам во неконтролирано трошење милијарди, туку во насочена помош“, рече Лекорни на конференција во
Бордо.
Француските власти веќе воведоа ограничени
субвенции за одредени сектори , како што се транспортот и рибарството, но засега избегнуваат пошироки мерки што значително би го оптовариле буџетот.

Владата во Париз е претпазлива поради искуството од 2022 година, кога обемните субвенции придонесоа за раст на буџетскиот дефицит, кој државата сè уште се обидува да го намали.
Според планот на владата, сите мерки би се спроведувале на месечна основа, за да се овозможи брзо прилагодување во зависност од движењата на цените и фискалните можности.
„Нема да оставиме никого без помош, но нема да трошиме пари што ги немаме“, рече Лекорни.
Франција не се соочува со недостиг на гориво и покрај војната на Блискиот Исток , но има повремени логистички тешкотии во некои региони, изјави вчера портпаролката на француската влада и министерка за енергетика Мод Брежон.
Министерот ги отфрли тврдењата за недостиг на гориво во Франција и објасни дека проблемите се ограничени на „повремени логистички тензии“ на некои бензински пумпи, особено оние со пониски цени, поради локалните скокови на побарувачката.
