back to top
21.8 C
Skopje
среда, 16 септември , 2026

Пет намирници кои тајно го зголемуваат крвниот притисок

Други наслови

Високиот крвен притисок може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар, а исхраната игра голема улога. Иако некои видови храна можат да помогнат во здравјето на вашето срце, лекарите и диететичарите предупредуваат дека одредени преработени прехранбени производи можат тајно да го зголемат крвниот притисок. Тие конкретно ги издвојуваат производите богати со натриум, шеќер и нездрави масти. Според нутриционистите, ова се намирниците што треба најмногу да се ограничат.

Конзервирана храна

Диететичарката Крутика Нанавати предупредува дека конзервираната храна често содржи големи количини на натриум, шеќер и конзерванси.

„Конзервираната храна понекогаш има додадени големи количини на натриум, шеќер или конзерванси за да се подобри вкусот“, изјави таа за SheFinds. Таа исто така додава дека процесот на конзервирање може да ја намали количината на витамини чувствителни на топлина. Таа советува да се избираат производи со помалку сол и шеќер, а повеќе свежо овошје и зеленчук.

Месни производи

Кардиологот д-р Раед Баргут вели дека преработеното месо е меѓу најлошите избори за крвниот притисок и здравјето на срцето. Нутриционистката Сузан Шахтер предупредува дека сланината, саламата и сувомеснатите парчиња се полни со натриум, нездрави масти и конзерванси и можат да го зголемат ризикот од хипертензија и висок холестерол.

Чипс и солени грицки

Нанавати предупредува дека чипсот, переците и слични грицки можат да го зголемат крвниот притисок поради нивната висока содржина на сол.

„Натриумот предизвикува задржување на вода во телото, што дополнително ги оптоварува крвните садови“, објаснува таа.

Диететичарката Триста Бест ги издвојува чипсот како Доритос особено затоа што содржи рафинирани јаглехидрати, вештачки адитиви и воспалителни масла. Несолени јаткасти плодови, печен наут или пуканки подготвени без многу сол се препорачуваат како подобар избор.

Слатки колачи и торти

Нанавати предупредува дека преработените слатки често содржат многу калории и шеќер, со многу малку корисни хранливи материи.

„Прекумерната консумација на шеќерни грицки може да доведе до зголемување на телесната тежина, што е уште еден фактор на ризик за висок крвен притисок“, истакнува таа.

Таа додава дека ненадејните скокови на шеќерот во крвта, исто така, можат да придонесат за хипертензија. Таа предлага овошје, јогурт со бобинки и темно чоколадо како поздрави алтернативи.

Житарици и колачи за појадок

Диететичарката Дестини Муди предупредува дека многу житарки за појадок се богати со шеќер, а имаат малку растителни влакна.

,,Дури и брендовите што се рекламираат како здрави се со ниска содржина на растителни влакна“, забележува таа.

Диететичарката Џеси Федер додава дека печивата може да содржи и изненадувачки големи количини на натриум, понекогаш и до 800 милиграми по парче. Затоа таа препорачува леб и производи од цело зрно како поздрав избор.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести