Родителите кои имаат возрасни деца многу често се соочуваат со отуѓеност, а не се ни свесни дека самите придонеле за тоа.
Во работата со родители на возрасни деца , психологот Џефри Бернштајн честопати се среќава со нивната потреба нивните деца да признаат дека дале се од себе. Зад тоа лежи болното прашање: „Кога моето возрасно дете конечно ќе признае дека не сум бил толку лош родител?“
Реалноста, тврди Бернштајн, е дека некои родители можеби никогаш нема да добијат толку благодарност и признание колку што посакуваат.
Неговата главна порака е дека родителите треба да
престанат да се обидуваат да им докажат на возрасните деца дека се добри родители . Многумина се обидуваат да објаснат зошто толку многу работеле, какви проблеми имале во бракот или да наведат сè што направиле за своите деца.
„Разбирам зошто се чувствуваат дефанзивно и зошто треба да го прават тоа, но ваквите изјави, со кои се обидуваат да се оправдаат, обично само создаваат поголема дистанца од нивните возрасни деца“, истакнува Бернштајн за „Психологија денес“.
Грешките треба да се признаваат, но не и бесконечно да се оправдуваат
Ова не значи дека родителите треба да ги отфрлат сите поплаки од своите деца. Бернштајн наведува дека можеби тие навистина биле премногу критични или нивната анксиозност честопати ги погодувала децата.

„Признавањето на тие проблеми е важно, но не е исто како прифаќање доживотна казна затвор затоа што вината се префрла на вас“, објаснува тој.
Затоа, родителот може да се извини за она за што жали, без бесконечно да се обидува да го промени погледот на детето кон минатото . Бернштајн верува дека постојаното враќање кон истите конфликти може да ја задржи врската во минатото, наместо да им дозволи на двете страни да продолжат понатаму.
„Како родител, здраво е да се извинуваш кога е потребно извинување“, забележува Бернштајн. Сепак, додава тој, промената кон подобар однос понекогаш започнува дури кога родителот ќе престане да се обидува да „го добие случајот на суд за семејна историја“.
