back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Скулптура од Елизабета II беше претставена на стогодишнината од нејзиното раѓање: Кралот Чарлс испрати силна порака 

Други наслови

Британскиот крал Чарлс III испрати лична видео порака во чест на својата мајка, покојната кралица Елизабета II, по повод стогодишнината од нејзиното раѓање, во која рече дека неговата мајка веројатно би била вознемирена од моменталната состојба во светот.

Во порака снимена во Балморал, кралот Чарлс нагласил дека неговата мајка била сведок на големи промени во текот на својот живот, но низ сите децении таа останала непоколеблива и посветена на луѓето на кои им служела, објави Би-Би-Си. 

Тој, исто така, потсети на оптимизмот на покојната кралица и нејзиното верување дека добрината секогаш ќе „преовладува“.

Во пораката, британскиот крал повика на „подобро утре“ засновано на мир, правда, просперитет и безбедност.

На стогодишнината од раѓањето на најдолгогодишниот монарх во Велика Британија, кралот Чарлс и 
кралицата Камила ќе го добијат конечниот дизајн на традиционалната бронзена статуа на кралицата Елизабета Втора. 

Скулптурата, создадена од уметникот Мартин Џенингс, ја прикажува кралицата во нејзините помлади години, во церемонијална облека.

Статуата висока три метри ќе биде поставена на постоље висок 3,4 метри во паркот „Сент Џејмс“ во Лондон, а е инспирирана од портрет на кралицата насликан во 1955 година од Пјетро Анигони. 

Споменикот се открива точно сто години по нејзиното раѓање, на 21 април 1926 година, кога тогашната принцеза Елизабета е родена во куќа на улицата Брутон во Мејфер, Лондон.

Претседателот на Комитетот за спомен на кралицата Елизабета, лорд Џанврин, рече дека статуата ја прикажува кралицата во нејзината јавна улога и нагласува силно чувство на должност и посветеност на јавната служба.

Споменикот во паркот „Сент Џејмс“, дизајниран од тим предводен од архитектот Лорд Фостер, вклучува и подоцнежна биста на кралицата, како и бронзена статуа на принцот Филип. 

Планирана е и реставрација на мостот во паркот, со стаклена ограда инспирирана од кралската тиара.

Спомениците, лоцирани во парк во центарот на Лондон во близина на Бакингемската палата, се очекува да бидат завршени за околу две години.

 Како дел од проектот за спомен, ќе биде лансиран дигитален дел со веб-страница каде што граѓаните ќе можат да испраќаат пораки за сеќавање на покојната кралица.

Веб-страницата „queenelizabeth.com“, порано во сопственост на бродската компанија „Cunard“, е донирана на Меморијалниот центар на кралицата Елизабета II.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести