back to top
1.8 C
Skopje
среда, 25 ноември , 2026

Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша повторно е деактивиран

Други наслови

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно го изгуби својот Инстаграм профил. Нејзиниот нов профил наречен „JKentertainmentt“, кој го отвори по претходните проблеми со социјалната мрежа, повеќе не е достапен, а засега не е познато што довело до неговото затворање.

Како што објавија српските медиуми, пејачката сè уште не коментирала за најновата ситуација, па затоа не е познато дали ќе може повторно да добие пристап до својот профил.

Карлеуша го користеше Инстаграм за комуникација со следбениците, објавување содржини од нејзиниот приватен живот, презентирање нови проекти и коментирање на актуелни настани.

Да потсетиме дека Карлеуша го изгуби својот Инстаграм профил, кој имаше повеќе од 2,4 милиони следбеници, на почетокот на 2025 година. После тоа, таа неколку пати се обиде повторно да се појави на оваа социјална мрежа.

Во јуни 2025 година, таа успеа да го врати својот оригинален профил, но до почетокот на јули повеќе не можеше да пристапи до него. Подоцна објави дека ќе отвори нова сметка, што и го направи, а на 31 октомври оваа година ги покани следбениците да ја следат на профилот „JKentertainmentt“.

Иако претходно се појавија информации за масовни пријави за нејзините профили, во моментов нема потврда дека ова е причината за последното затворање. Исто така, не е познато дали станува збор за трајно отстранување или привремено блокирање на сметката.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести