back to top
18.8 C
Skopje
понеделник, 12 октомври , 2026

СОВЕТНИКОТ НА ВРХОВНИОТ ЛИДЕР НА ИРАН МУ СЕ ЗАКАНИ НА ВАШИНГТОН: „Ако ја продолжите војната, ќе му го отежниме животот на американскиот народ и ќе предизвикаме големи проблеми за американската економија“

Други наслови

„Исламската Република ви кажува дека ако продолжите со војната, тоа ќе го направи животот на американскиот народ мизерен и ќе предизвика големи проблеми за американската економија“, рече Резаи.

Поранешниот командант на Револуционерната гарда на Иран и воен советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран, доколку САД продолжат со војната, ќе им го загорчи животот на Американците и ќе предизвика големи проблеми за американската економија, објави денес американската телевизија „Фокс њуз“.

– Исламската Република ви кажува дека ако продолжите со војната, тоа ќе им го отежни животот на американскиот народ и ќе предизвика големи проблеми за американската економија – рече Резаи на прес-конференцијата.

Техеран, Иран, густи облаци од чад (10).jpg

Тој изјави дека Техеран му предложил на Вашингтон „патот што чини најмалку“ и дека сака фер преговори.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно денес на својата социјална мрежа True Social објави дека преговорите со Иран напредуваат добро, но дека мировниот договор мора да им одговара на сите страни.

профимедија-1041671759.jpg

– Тоа ќе биде само голем договор за сите или никаков договор, назад на бојното поле и пукање, но поголем и посилен од кога било досега, а никој не го сака тоа – рече Трамп во соопштението.

Американскиот весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуваните посредници меѓу САД и Иран, наведува дека преговорите денес се забавиле, поради силните позиции на двете страни за иранската нуклеарна програма и укинувањето на санкциите против Техеран .

профимедија-1093411896.jpg

Трамп и други функционери во американската администрација изјавија во текот на викендот дека договорот е блиску, а Трамп кратко потоа изјави дека нема да брза да склучи договор ако тој не е добар.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести