Два воза се судрија утрово во близина на главната железничка станица во Прага, а во несреќата се повредени десетици луѓе, соопштија пожарникарите.
Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди, а сите служби за итни случаи се на местото на несреќата, објави Радио Прага.
Железничкиот сообраќај на таа линија е прекинат.
Возовите на долги релации се пренасочуваат кон други железнички станици во Прага, објави Управата за железници на Чешка.
