Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека имал „добри разговори“ со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски во обид да се реши војната во Украина.
„Работиме на ситуацијата со Русија, Русија и Украина и се надеваме дека ќе го завршиме тоа“, рече Трамп во интервју за „The Sunday Briefing“ на Фокс њуз, според Телеграф.
Трамп нагласи дека не сака да открие кога последен пат разговарал со Путин.
„Имав разговори со него и имав разговори со претседателот Зеленски, и тоа добри разговори“, рече тој, без да прецизира кога се случиле разговорите со кој било од лидерите.
„Омразата меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски е смешна. Тоа е лудо. А омразата е лоша работа. Омразата е лоша работа кога се обидувате да решите нешто, но тоа ќе се случи“, рече тој.
Трамп вети дека ќе ја заврши војната што започна со целосна руска инвазија на Украина во февруари 2022 година, но повеќе од една година од неговиот втор мандат, конфликтот продолжува.
