back to top
14.1 C
Skopje
среда, 14 октомври , 2026

Трамп за деталите од договорот: Ормутскиот теснец се отвора, Техеран се согласи на нуклеарни инспекции

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social се огласи за моменталната ситуација со Иран, презентирајќи клучни детали за статусот на Ормутскиот теснец, но и за потенцијалниот нуклеарен договор.

Трамп потврди дека стратешки важниот Ормутски теснец ќе остане отворен без понатамошна поморска блокада, но во исто време испрати јасно предупредување.

„Сепак, сите бродови остануваат на место доколку е потребно“, додаде американскиот претседател, јасно ставајќи до знаење дека САД се подготвени да одговорат во секое време.

Покрај ситуацијата на море, Трамп се осврна и на прашањето за нуклеарната програма на Иран, тврдејќи дека официјален Техеран направил огромна отстапка под притисок на Вашингтон.

Според него, Иран целосно се согласил со нуклеарните инспекции на највисоко ниво.

„Доколку не се согласеа на ова, немаше да има понатамошни преговори“, категоричен беше Трамп во својата објава.

Трамп, исто така, појасни како ќе изгледа системот на финансиска помош и одмрзнување на средствата за Иран, нагласувајќи дека Техеран нема да има слободна рака во трошењето на овие пари.

Средствата и олеснувањата од санкциите што ќе му бидат исплатени на Иран, тврди тој, ќе се чуваат на посебни сметки што ќе бидат под контрола на САД.

„Овие средства ќе се користат исклучиво за купување храна и медицински материјали од Соединетите Американски Држави, вклучувајќи пченка, пченица и соја од нашите одлични американски земјоделци“, рече Трамп.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести