back to top
22.8 C
Skopje
четврток, 24 септември , 2026

Трамп: „Иран е официјално пропадната држава, инфлацијата е 300 проценти“

Други наслови

Иран е официјално пропадната држава која нема морнарица, воздухопловни сили, валута и во која инфлацијата е 300 проценти, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.

На својот профил на социјалните мрежи „Вистина“, тој тврдеше дека Иран не им плаќа на своите војници и полицајци и дека иранските лидери се во „целосен хаос“.

„Единственото нешто што го имаат се лажни вести од САД, подготвеност да ги убијат нивните демонстранти (сега има над 100.000 мртви. Мора да им се суди за воени злосторства против човештвото), како и голема количина глупости“, тврди Трамп.

Тој претходно објави фотографија од наводното „уништување“ на иранскиот остров Харг, што иранските лидери го негираа, а обвинувањата на Трамп беа оценети како „смешни“.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести