back to top
30.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Трамп незадоволен од предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп е незадоволен од предлогот на Иран за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на американско-израелската војна со Иран.

Според странските медиуми , според Телеграф, Трамп бил информиран за планот на Техеран, кој вклучува и прекин на блокадата на САД на критичниот воден пат, за време на состанокот во Собата за ситуации во Белата куќа во понеделник, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни извори информирани за дискусијата.

Но, предлогот не се однесува на тоа што треба да се прави со нуклеарната програма на Иран, изјавија за „Тајмс“ повеќе американски и ирански претставници.

Иран претходно ги отфрли барањата на САД да го запре збогатувањето на ураниум, тврдејќи дека има право според меѓународното право да го стори тоа, и досега одбиваше да го предаде ураниумот што веќе го збогати.

Не е јасно од што точно Трамп бил незадоволен, но тој долго време инсистирал на обете нуклеарни барања, пишуваат понатаму странските медиуми.

„Соединетите Американски Држави нема да преговараат преку печатот – ние бевме јасни во врска со нашите црвени линии, а претседателот ќе склучи само договор што е добар за американскиот народ и за светот“, изјави портпаролката на Белата куќа, Оливија Вејлс, цитирана од „Тајмс“.

„Аксиос“ првпат извести за предлогот во неделата, кратко откако соопшти дека иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, го доставил предлогот до пакистанските медијатори.

Според предлогот, прекинот на огнот би бил продолжен на подолг период или би станал траен, додека нуклеарните разговори би започнале дури откако ќе се отвори теснецот и ќе се укинат ограничувањата, според „Аксиос“.

Како што е дополнително наведено, Трамп минатата недела отфрли уште еден предлог од Иран, а преговорите во Пакистан што требаше да се одржат во Исламабад во текот на викендот беа откажани.

Американски претставници изјавија за „Њујорк тајмс“ дека Иран не ги овластил преговарачите да направат какви било отстапки во врска со неговата нуклеарна програма, што претставува голем удар врз мировните преговори.

Дебатата во администрацијата на Трамп сега се врти околу тоа колку „економска болка“ Иран може да си дозволи во услови на тековната блокада на Ормутскиот теснец од страна на САД.

Производството на нафта брзо го надминува капацитетот за складирање и бунарите не можат да се затворат. Би била предизвикана значителна штета доколку се затворат, а некои личности во администрацијата тврдат дека Иран би сакал да склучи договор отколку да ги сноси трошоците, објави „Тајмс“. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести