back to top
19.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Трамп ја откри „главната“ цел со војната во Иран

Други наслови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен сериозно да ја погоди иранската економија, велејќи дека ќе го стори тоа „затоа што сака да победи“.

За време на состанокот со новинарите, додека во просторијата беа и деца, тој беше прашан за војната и економската состојба во Иран.

Зборувајќи за економијата на Техеран, 79-годишникот рече дека „се надевам дека ќе пропадне“, а воедно ги пофали и санкциите на САД против земјата како „извонредни“ и „многу добри“.

Американскиот лидер потоа тврдеше дека „нивната валута е безвредна. Нивната инфлација е веројатно 150 проценти… тие не ги плаќаат своите војници. Тие не можат да ги платат своите војници. Парите немаат вредност“, објави Скајњуз .

Иако некои од изјавите на Трамп не се целосно точни, тие одразуваат дел од економските тешкотии во Иран, каде што долго време има сериозни проблеми и загрижености за падот на вредноста на ријалот.

Националниот совет на отпорот на Иран изјави дека инфлацијата на крајот на март била нешто под 54 проценти.

На почетокот на годината, во Иран имаше и протести поради економските услови, кои беа сурово потиснати од владата, предизвикувајќи илјадници жртви.

Трамп, исто така, рече дека очекувал цената на нафтата да достигне 300 долари за барел, додека досега достигна врв од околу 126 долари.

Инаку, САД и Иран постигнаа договор за неопределено примирје

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести