Ново видео од рускиот претседател Владимир Путин повторно ги разгоре шпекулациите за неговото здравје.
За време на неодамнешниот разговор со 22-годишната Екатерина Лешчинскаја, претседателка на движењето „Фронт за здрава татковина“, на тема можна забрана за продажба на електронски цигари во Русија , гледачите забележаа нешто сосема друго: изразени вени, збрчкана кожа и напнатост во рацете на Путин .
Видеото го прикажува
претседателот на Русија како неколку пати ја стиска тупаницата и ги движи прстите, како да се обидува да ја ублажи болката или грчењето.
Видеото, кое брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвика бројни коментари. Украинскиот новинар Дмитро Гордон изјави дека „рацете на Путин изгледаат отечени и болни“, додека некои коментатори сугерираа дека ваквите движења би можеле да укажуваат на проблеми со циркулацијата или нервниот систем.
Кремљ, како и претходно, решително ги отфрли сите обвинувања, оценувајќи ги како „бесмислени шпекулации“ и „измислици на западните медиуми“.
