back to top
11.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Алонсо беше отпуштен по расправија со тројца клучни играчи, проблемите започнаа во октомври

Други наслови

Чаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал Мадрид, а „Атлетик“ пишува дека причината за неговото заминување се несогласувањата со клучните играчи – Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингем.

Шпанецот првично имаше успешен почеток со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите на тимот се влошија во последно време.

Проблемите наводно започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година, кога Алонсо се судрил со Винисиус откако го заменил и покрај победата.

Бразилецот беше незадоволен од промената и одби да се ракува со тренерот, а Реал во тој момент не презеде дисциплински мерки против играчот.

Алонсо наводно чувствувал дека ја губи контролата и дека раководството не го поддржува, додека Валверде и Белингам имале проблем со неговиот стил на лидерство и тактички одлуки.

Англичанецот одигра значајна улога во тимот во последните две сезони, но оваа година се мачеше со формата и под водство на Алонсо веќе не беше несомнен стартер во средниот ред.

Од друга страна, Валверде, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата преферирана улога во средниот ред.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести