back to top
9.8 C
Skopje
петок, 27 ноември , 2026

80-годишни повеќе од еден месец чекаат термин за вакцина против грип, министерот Клековски не одговара зошто е така

Други наслови

Многумина граѓани од ризични групи, односно лица на возраст над 65 години и лица со хронични заболувања повеќе од еден месец чекаат термин за бесплатната вакцина против сезонски грип. Велат дека уредно се пријавиле и добиле известување дека се пријавени, со појаснување да кликнат на посебен линк доколку ја сменат одлуката за вакцинација, но термин не добиле.

„Побарав и вторпат да ме пријават оти не добив термин. Јас со години ја примам оваа вакцина. Секогаш досега вакцинацијата беше во октомври, а сега веќе изминува и ноември. Министерот постојано уверува дека вакцини има за сите, сакам да му верувам како што му верував досега, но невозможно е“, вели 80-годишна скопјанка која веќе размислува да оди на вакцина во некоја од соседните земји.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, веќе десет дена не одговара на прашањата од новинската агенција „Макфакс“ зошто пријавените граѓани не добиваат термин за вакцинација. Тој постојано зборува за бројката од 80.000 вакцини кои годинава ќе бидат на располагање за ризичните групи граѓани. Се пофали дека е веќе стигната и втора тура со 26.000 вакцини, па заедно со првата тура која стигна во октомври од 30.000, веќе има вакцини за 56.000 граѓани, но според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, кој се однесува до 22 ноември, вакцинирани се вкупно 33.594. Според последните објавени податоци од Министерството, за вакцина, заклучно со 23 ноември, се пријавиле вкупно 79.011 лица.

Институтот за јавно здравје денес извести дека за една недела има 188 нови заболени од грип, што значи зголемување на бројот за 22,1 % во однос на претходната недела, но иако има зголемување, се бележи ниска активност на грипот на национално ниво.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести