back to top
13.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Бројот на жртви во Непал брзо расте; Откриена причината за катастрофалните поплави

Други наслови

Бројот на жртви од катастрофалните поплави и свлечишта во Непал се искачи на најмалку 157, додека Геолошкиот завод на САД утврди дека катастрофата не е предизвикана од земјотрес, туку од масивно свлечиште кое предизвикало тресење на земјата.

Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави (USGS) објави дека катастрофата не е предизвикана од земјотрес , како што првично се веруваше, туку од огромно свлечиште кое било толку силно што сеизмографите регистрирале тресење на земјата еквивалентно на земјотрес со магнитуда од 5,2 степени.

„Овој настан првично беше регистриран како земјотрес со магнитуда од 4,4 степени. Дополнителната анализа на долгопериодични сеизмички бранови покажа дека сеизмичката енергија всушност е произведена од свлечиште “, објави Американскиот геолошки институт.

Огромна количина снег се стопи

Геологот Ден Шугар, професор на Универзитетот во Калгари, рече дека сликите покажуваат како голема количина снег се стопила во 24 часа пред катастрофата .

Тој изјави дека некои глечери биле покриени со снег претходниот ден , додека следниот ден биле претежно голи , што укажува на невообичаено високи температури.

Врз основа на сателитските снимки, Шугар проценил дека долниот дел од глечерот се откршил на околу 5.200 метри надморска височина и паднал на дното на долината, околу 1.200 метри подолу.

Тој додаде дека градежните работи би можеле да бидат еден од факторите , додека сè уште се утврдува дали климатските промени одиграле улога во катастрофата.

Според податоците на Обединетите нации , непалските планини изгубиле речиси една третина од својот мраз за нешто повеќе од 30 години поради глобалното затоплување. Глечерите во Непал се топат за дури 65 проценти побрзо во текот на изминатата деценија отколку во претходната деценија.

Најмногу жртви во Читван

Најмалку 157 тела беа пронајдени во катастрофалните поплави и лизгање на земјиштето , потврди локалната полиција. Видеата од различни делови на земјата покажуваат порои што се уриваат и носат цели згради.

Најмногу жртви, 64 од нив, се пронајдени во округот Читван . се пронајденитела27 Дадинг , 22 во Источен Навалпараси и 19 во Горка .

13 смртни случаи се потврдени во Нувакот , девет во Танахун и три во Расуа .

Повеќе од 3.300 полицајци беа испратени во погодените области , додека 49 повредени лица моментално се на болничко лекување.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести