back to top
15.8 C
Skopje
четврток, 17 септември , 2026

Повеќе од 1.000 луѓе исчезнаа по катастрофалните поплави

Други наслови

Повеќе од 1.000 луѓе се водат како исчезнати по поплавите во Непал и Тибет, вклучувајќи голем број туристи, додека најмалку 165 лица загинаа.

Агенцијата за катастрофи на Непал соопшти дека 823 лица биле надвор од контакт повеќе од 24 часа по катастрофата, пишува „Гардијан“.

Меѓу нив се најмалку 579 туристи , од Непал и од странство.

Дополнителни 558 лица се водат како исчезнати во Кина .

Не е јасно дали бројките од двете земји се сосема различни или некои од исчезнатите се евидентирани двапати.

Непалската армија објави дека седум лица кои беа заробени во тунелот на хидроцентралата во Хаку , во областа Расува, 
се спасени , а продолжуваат напорите за спасување на луѓето заробени во уште три тунели, пишува Би-Би-Си.

Според војската, 95 лица се безбедно спасени од областа Тимура во Расува, вклучувајќи 21 индиски турист кои контактирале со властите во областа претходниот ден.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести