Во Струга, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во основно училиште во градот, каде двајца ученици физички нападнале соученик.
„Полициски службеници веднаш излегоа на местото на настанот и, во соработка со претставници од училиштето и Центарот за социјални работи – Струга, презедоа мерки за расветлување на истиот.“
„По целосното документирање на настанот, ќе следи соодветен извештај“, велат од Министерството за внатрешни работи.
