back to top
0.8 C
Skopje
недела, 29 ноември , 2026

13 инциденти за Денот на албанското знаме, тројца приведени, поднесени две кривични пријави

Други наслови

Вкупно 13 нарушувања на јавниот ред и мир биле регистрирани за време на прославата на Денот на албанското знаме во Скопје, Тетово, Охрид и Куманово. Министерството за внатрешни работи информира дека три лица биле лишени од слобода, поднесени се две кривични пријави, а изготвени се и 10 записници за прекршоци.

Најмногу инциденти, вкупно седум, биле регистрирани во Скопје. Станува збор за случаи на отстранување или оштетување државни симболи, непристојно однесување и сообраќајни прекршоци. Поднесена е кривична пријава против дете за безобѕирно управување со моторно возило, а две лица биле лишени од слобода.

Во Тетово биле регистрирани два настани во кои деца употребувале пиротехнички средства, како и случајот со поставувањето албанско знаме на полициско возило.

Во Кичево на градскиот плоштад биле поставени албански знамиња, додека во училиште во Струга биле истакнати албански знамиња без македонското државно знаме.

Инцидент бил регистриран и во Куманово, каде што за време на дефиле со возила полицијата пронашла пиштол „Црвена Застава“ со рамка и пет куршуми кај едно лице. Тој бил лишен од слобода, а против него се постапува поради сомнение за недозволено поседување оружје.

Од МВР информираат дека продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување и документирање на сите случаи.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести