back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

ЕУ отклучи 16,4 милијарди евра за Унгарија по брзите реформи на новата влада

Други наслови

Европската унија во петокот во Брисел одлучи да отклучи 16,4 милијарди евра средства за Унгарија, откако новата влада на премиерот Петер Маѓар спроведе серија брзи реформи во областите на владеењето на правото, борбата против корупцијата и демократските институции.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека се ослободени 10 милијарди евра од Европскиот фонд за закрепнување, 4,2 милијарди евра од кохезионите фондови и дека е постигнат напредок во однос на уште 2,2 милијарди евра поврзани со академските слободи.

Фон дер Лајен изјави дека е постигната силна рамка за да се обезбеди Унгарија да се справи со проблемите поврзани со корупцијата и владеењето на правото, прашања за кои средствата беа замрзнати за време на претходната влада на Виктор Орбан, пишува Би-Би-Си .

Од своја страна, Маѓар рече дека деблокирањето на средствата било едно од главните ветувања на неговата изборна кампања и ја обвини претходната влада дека ги измамила унгарските граѓани тврдејќи дека средствата биле блокирани од идеолошки причини. Според него, вистинската причина била корупцијата и сериозните проблеми со институционалната транспарентност.

Договорот се смета за јасен сигнал за подобрени односи меѓу Европската Унија и Унгарија по 16 години владеење на Орбан. Европските претставници ја пофалија новата влада за брзото дејствување за враќање на довербата во Брисел и исполнување на условите поставени за ослободување на средствата.

Според сегашниот план, средствата ќе бидат искористени за економско закрепнување, јавни инвестиции, поддршка на бизнисите, развој на инфраструктурата и зајакнување на јавните услуги во Унгарија.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести