Украински беспилотни летала погодија цели во јужниот руски град
Таганрог , важен за руските воздухопловни сили, при што загина едно лице, а осум беа повредени, изјави градоначалничката Cветлана Камбулова за ТАСС во понеделник.
Таа рече дека се погодени бројни згради и фабрики.
Во тој град на источниот брег на Азовското Море има фабрика за авиони и две фабрики за производство на беспилотни летала и делови за беспилотни летала.
Повеќе од 60 дронови беа пресретнати над Таганрог во вторник вечерта и уште шест во
Ростовскиот регион, објави гувернерот
Јуриј Слијусар.
Неодамна, Украина ги интензивираше нападите врз нафтените постројки и воената индустрија на територијата
на Русија.
