back to top
9.8 C
Skopje
понеделник, 23 ноември , 2026

Кардиолог избегнува 5 навики наутро, а тие се прв избор за повеќето: Една грешка особено го оптоварува срцето

Други наслови

Утрото е периодот кога телото се буди и кога, според истражувањата, срцевите удари се случуваат почесто. Интервентниот кардиолог д-р Санџај Боџрај ги сподели со CNBC петте утрински навики што ги избегнува.

Тој откри што избира кога нема време да седне на масата и потсети дека она што го избираме на чинијата секој ден е клучно за здравјето на срцето – заедно со правилото од девет часа што е дел од неговата лична рутина, пишува CNBC .

Кафе полно со шеќер и слатки сирупи

Ако вашето утринско кафе е првото нешто за кое помислувате штом ќе ги отворите очите, вреди да обрнете внимание на тоа што завршува во вашата шолја. Кардиологот избегнува засладени кафиња и слатки сирупи бидејќи, кога таков пијалок ќе стане секојдневна навика, незабележливо консумирате голема количина шеќер на самиот почеток од денот. Наместо тоа, тој избира чисто кафе или варијанта со значително помалку шеќерни додатоци.

Слатко тесто како дневен појадок

Кроасан или мафин од пекара се одлични кога брзате, но како обичен појадок тие обично не нудат доволно протеини и влакна. Ако забележите дека брзо огладнувате по таков оброк, попаметна замена е нешто што ве држи сити подолго време – на пример, грчки јогурт со овесна каша и овошје.

Сланина и колбас со јајца

Доколку јајцата се чест избор за појадок , кардиологот ве советува да обрнете внимание на прилогот. Месните производи како сланина и колбаси обично се богати со сол и заситени масти – вишокот сол го поттикнува високиот крвен притисок, а заситените масти можат да го зголемат нивото на ЛДЛ холестерол. Наместо нив, многу е подобро да додадете зеленчук и парче интегрален леб во јајцата.

појадок

Енергетски пијалок на празен стомак

По лош ноќен сон, некои посегнуваат по лименка енергетски пијалок наместо кафе, но кардиологот ја избегнува таа навика. Една контролирана студија покажа дека поголемите количини на енергетски пијалоци можат привремено да го зголемат крвниот притисок и да предизвикаат мерливи промени на ЕКГ.

Одложување на првиот оброк поради постојаното брзање

Доцниот појадок сам по себе не мора да биде проблем ако ви е удобно, објаснува Бојрај. Критични се оние утра кога ќе излезете од дома со кафе на нозе и дури подоцна ќе сфатите дека не сте јаделе ниту сте пиеле вода. Можете да го прилагодите времето на првиот оброк на вашиот ден, но важно е да имате разновидни оброци во текот на денот и да пиете доволно вода.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести