Напаѓачот на Реал Мадрид и француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, во интервју за „Франс фудбал“ зборуваше за прекарот што го следи во последно време.
Имено, тоа е прекарот „диктатор“, а покрај навивачите, некои медиуми почнуваат да го користат.
„Од една страна е смешно бидејќи за некои изгледа како да е само шега. Но, има и своја помалку смешна страна, бидејќи знаеме каква штета предизвикале таквите луѓе низ историјата. Да ме споредите со луѓе кои убиваат други или кои направиле милиони и милиони луѓе несреќни… не мислам дека некогаш сум направил нешто слично во мојот живот“, искрено рече Мбапе.
Ве потсетуваме дека Усман Дембеле на шега го нарече Мбапе Мобута, алудирајќи на диктаторот кој владееше со Заир, денешен ДР Конго, три децении.
Неговото владеење беше обележано со репресија, тортура и непотизам, а тој организираше и јавни егзекуции.
