back to top
14.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

На 21-годишна возраст во сообраќајка загина поранешен играч на Тетекс

Други наслови

Фудбалерот Даниел Николовски го загуби животот во сообраќајна несреќа, потврди неговиот поранешен клуб Тетекс.

Николовски беше фудбалер кој ги направи првите чекори во Тетекс и стигна до првиот тим, со кој настапуваше во Втората македонска фудбалска лига. Во февруари оваа година тој се пресели во Хрватска, каде што го облече дресот на Хрватски витез Поседарје, клуб кој настапува во третиот ранг на тамошниот фудбал.

Тетекс преку соопштение се збогуваше со Николовски и изрази сочувство до неговото семејство и најблиските.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести