back to top
13.8 C
Skopje
недела, 27 септември , 2026

Меси нема дилема: Ламин Јамал е лидер на новата генерација, за мене тој е најдобар

Други наслови

Лео Меси, кој многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња, верува дека ѕвездата на Барселона, Ламине Јамал, кој многумина го сметаат за негов наследник во каталонскиот тим, е најголемиот талент на новата генерација што доаѓа по него и Кристијано Роналдо.

„Постои нова генерација играчи кои се многу добри и кои имаат многу години пред себе. Ако треба да изберам еден од нив, со оглед на неговите години, досегашни настапи и перспективи за во иднина, тоа би бил Ламин“, објасни Меси на настанот за промоција на рекламата на Адидас за Светското првенство, додавајќи:

„Нема сомнение, за мене тој е најдобар.“

Ве потсетуваме дека Јамал минатата година заврши на второто место, зад Усман Дембеле, во изборот за најдобар фудбалер во светот.

Како што е познато, Меси ја напушти Барселона во 2021 година.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести