back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Милошоски: Македонија не може да влезе во процесот на уставни измени без гаранции за македонскиот идентитет

Други наслови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во интервју за телевизијата Сител, нагласи дека неговата партија останува на ставот дека уставните измени не треба да се спроведуваат ако тие донесат нова неизвесност и особено ако не се придружени со конкретни гаранции за полноправно членство во Европската Унија.

„Јасни сме по оваа тема и го изразуваме нашиот став. Убедени сме дека уставните измени не треба да се спроведуваат, особено ако тие носат неизвесност и не можат да ја постигнат целта“, изјави Антонио Милошоски.

Тој потсети на претходните уставни измени, кога СДСМ и ДУИ ги претставуваа како чекори што ќе ја подобрат состојбата во земјата, тврдејќи дека ќе донесат придобивки како што се бесплатно здравство и стипендии. Сепак, според него, реалноста покажа спротивното, бидејќи наместо напредок во преговорите со ЕУ, Македонија се соочи со застој.

„Истата грешка не треба да се повтори. Македонија не може повторно да влезе во процесот на уставни измени без јасни и силни гаранции дека ќе бидат зачувани националниот идентитет, јазикот и историската посебност на македонскиот народ“, нагласи тој.

Тој заклучи велејќи дека, поучен од претходното искуство, би било наивно да се прифати идејата за уставни измени без да се обезбеди заштита на националната посебност и без јасен пат кон полноправно членство во ЕУ.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести