back to top
13.8 C
Skopje
недела, 4 октомври , 2026

Мицкоски: Добрососедството е важно, но македонскиот идентитет е бесценет

Други наслови

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како влада работат посветено на остварување на целите што ги поставиле за развој на земјата и нејзиниот процес на европска интеграција.

Тој рече дека имаат план и стратегија, за чија реализација работат без да ветуваат чуда, туку да ги стават работите на здрава основа.

„Работиме со посветеност, чесност и трудољубивост. Резултатите доаѓаат полека. Која е нашата стратегија за остварување на овие цели се случува полека. Секако, нема да зборувам многу за деталите јавно. Како личност, очекувам дека ќе имаме добрососедски односи со сите наши соседи. Како премиер, ќе направам сè што е во наша моќ, прво да ги заштитам интересите на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересите на земјата. И второ, секако, да градиме добрососедски односи со сите наши соседи врз основа на принципот на двонасочна улица. Бидејќи за секоја работа во животот се потребни барем двајца луѓе“, рече Мицкоски.

Не знам каква би била конечната содржина на состаноците, вели Мицкоски, но додава дека Владата има план и стратегија и работи на нивно исполнување.

„Никогаш не сме ветувале чуда. Затоа што не сме чудотворци. А кој ветува чуда, лаже, не им ја кажува вистината на граѓаните. Ветивме само напорна работа, што и го правиме. Знам дека може да има некои очекувања дека некои работи ќе се случат побрзо, но она што го кажувам денес, го кажав и во изборната кампања во 2024 година и ќе продолжам да го кажувам, затоа што работите мора да се постават на здрава основа за генерациите по нас да немаат главоболки какви што имаме ние“, рече Мицкоски.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести