Ужасните поројни поплави што го погодија Непал одзедоа повеќе од 500 животи, додека околу 1.300 луѓе се водат како исчезнати . Нови видеа пристигнуваат од оваа азиска земја каде што можете да видите како изгледала катастрофата што го погоди тој дел од светот.
Едно од тие видеа прикажува група луѓе како стојат на балконот на една зграда, додека околу неа е бесен порој што носи автомобили и други возила, камења, делови од згради…
Луѓето на балконот немаа шанса да се евакуираат, туку можеа само да се надеваат на најдоброто, односно дека зградата во која се наоѓаа ќе биде доволно цврста за да ја издржи неверојатната сила на природата, која буквално избриша голем број куќи и згради од лицето на земјата по својот пат.
Погледнете како изгледаше оваа безнадежна ситуација:
