back to top
14.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

НБА ѕвездата Јанис Антетокумпо се сели од Милвоки во Мајами

Други наслови

Јанис Антетокунмпо ги напушти Милвоки Бакс и се приклучи на Мајами Хит.

Како што објави Шамс Чаранија, Милвоки и Мајами се согласија на размена во која Боби Портис се пресели во Флорида заедно со Јанис.

Мајами испрати четири кошаркари во спротивната насока – Тајлер Херо, Кел’ел Вер, Хаиме Жакес и Каспарас Жакучонис.

Покрај тоа, Милвоки доби три пика во првата рунда од драфтот (вклучувајќи го и 13-тиот во претстојниот драфт), право да тргува со еден пик и уште еден пик во втората рунда.

Мајами се бореше да го доведе Јанис со Бостон, кој беше подготвен да понуди дури и суперѕвездата Џејлен Браун, но понудата на Мајами беше поприфатлива за Бакс.

Со ова заврши ерата на Јанис во Милвоки, каде што ја помина целата своја НБА кариера.

Грчката суперѕвезда го освои шампионатот со Бакс во 2021 година и двапати беше прогласена за најкорисен играч во лигата.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести