back to top
20.8 C
Skopje
вторник, 22 септември , 2026

Обликот на Земјата брзо се менува: Научниците открија необичен феномен, позната причината

Други наслови

Планетата Земја ја менува својата физичка форма со забрзано темпо. Причината е топењето на мразот на половите, при што поларните региони се издигаат, додека регионот околу екваторот истовремено се спушта.

Геологот Кристофер Коцакис од Универзитетот „Аристотел“ во Солун во Грција објави студија на 9 септември во списанието „Journal of Geophysical Research: Solid Earth“, во која анализираше податоци од глобалната мрежа на станици на Глобалниот навигациски сателитски систем, собрани од 1997 до 2015 година.

Истражувањата покажуваат дека помеѓу 1997 и 2000 година, половите на Земјата се искачувале со брзина од околу 0,5 милиметри годишно, додека до 2015 година таа брзина се дуплирала на еден милиметар годишно.

„Резултатите укажуваат на забрзување на поларните региони, придружено со споредливо зголемување на стапката на спуштање на екваторијалниот регион. Ова значи дека целокупниот облик на цврстата Земја станува малку помалку сплескан“, рече авторот на студијата.

Обликот на Земјата брзо се менува: Научниците открија необичен феномен, позната причина

Два поврзани ефекти

Главната причина за оваа деформација е забрзаното губење на ледената маса во Гренланд и Антарктикот , што отстранува огромен товар од Земјината кора и ѝ овозможува постепено да се издига.

Во исто време, водата од топењето на мразот се прераспределува низ светските океани и додава тежина на пониските географски широчини, туркајќи го морското дно надолу.

Иако цврстиот, карпест дел од планетата станува помалку сплескан, прераспределбата на водната маса предизвикува гравитационото поле, или „геоидот“, да станува сè повеќе сплескано.

„Иако таквото однесување може да изгледа нелогично во споредба со истовременото намалување на сплеснувањето на цврстата Земја , двата ефекта се физички компатибилни“, заклучува Коцакис.

Овие наоди потврдуваат дека ниту површинското движење ниту прераспределбата на масата сами по себе не даваат целосна слика за промените. Само со комбинирање на различни видови мерења е можно да се разбере сложеното меѓусебно дејствување на силите што постојано ја преобликуваат нашата планета.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести