back to top
20.8 C
Skopje
вторник, 22 септември , 2026

Силвестер Сталоне го одби Трамп: „Реков благодарам и чао“

Други наслови

Силвестер Сталоне откри дека не ја прифатил улогата на „специјален амбасадор“ за Холивуд што Доналд Трамп му ја доделил на почетокот на 2025 година, наведувајќи дека дознал за неговото назначување – преку телевизија.

Сталоне во интервју за „Сандеј тајмс“ објасни дека никој не го прашал пред назначувањето дали сака да ја прифати улогата.

Кога слушнал дека тој, Мел Гибсон и Џон Војт се назначени за специјални амбасадори, актерот бил изненаден и заклучил дека таков ангажман не е можен.

„Една вечер гледав телевизија и ми рекоа: „Значи Сталоне, Мел Гибсон и Џон Војт ќе бидат…“ И јас реков: „Што? Навистина?“ Да ме прашаа на почетокот, ќе речев дека тоа не е можно“, рече Сталоне.

Зборувајќи за самото назначување, актерот објасни дека Холивуд има своја структура и начин на функционирање.

„Холивуд, претпоставувам, е како феудална држава. Има свои мали кралства. Не можете само да влезете и да им кажете на филмските студија како да прават работи. Мел Гибсон, Џон Војт и јас сме луѓе кои си го прават своето“, рече тој.

Сталоне се потсети и на својот разговор со Трамп, на кого му тврди дека таков ангажман едноставно нема да функционира.

„Реков: благодарам и збогум, бидејќи тоа е невозможно. Холивуд функционира и ќе се развива. Тоа е корпорација, а луѓето од корпорациите нема да сакаат да разговарам со нив за финансии“, рече актерот.

Силвестер Сталоне го одби Трамп: Му се заблагодарив и му реков збогум

Трамп ги назначи за амбасадори на Холивуд

Во јануари 2025 година, Трамп објави дека Сталоне, Гибсон и Војт ќе бидат негови „специјални пратеници“ во Холивуд, со цел да помогнат во ревитализацијата на американската филмска индустрија.

Потоа Трамп на својата социјална мрежа Truth Social изјави дека Холивуд изгубил голем дел од својот бизнис во странство во текот на претходните четири години.

„Чест ми е да објавам дека Џон Војт, Мел Гибсон и Силвестер Сталоне се специјални амбасадори за едно големо, но многу проблематично место – Холивуд“, напиша Трамп во тоа време.

Според него, тројцата требало да бидат негови „очи и уши“ и да даваат предлози за повторно да го направат Холивуд „поголем, подобар и посилен од кога било“.

Иако не ја прифати улогата, Сталоне сè уште зборува позитивно за Трамп. Во едно интервју, тој рече дека на забава во комплексот Мар-а-Лаго го претставил како „митска фигура“.

„Никој на светот не би можел да го направи она што тој успеа да го направи, па затоа сум воодушевен“, рече Сталоне.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести