back to top
10.8 C
Skopje
сабота, 17 октомври , 2026

Оваа европска земја размислува за целна помош за граѓаните поради зголемувањето на цените на горивата

Други наслови

Франција размислува за воведување на целна помош за граѓаните кои зависат од автомобили откако цените на горивата се зголемија поради војната на 
Блискиот Исток, изјави денес францускиот премиер Себастијан ле Корнеј.

Тој нагласи дека владата не планира обемни и скапи субвенции, туку прецизно насочена поддршка за најранливите, објави Блумберг.

„Не верувам во неконтролирано трошење милијарди, туку во насочена помош“, рече Лекорни на конференција во 
Бордо.

Француските власти веќе воведоа ограничени 
субвенции за одредени сектори , како што се транспортот и рибарството, но засега избегнуваат пошироки мерки што значително би го оптовариле буџетот.

Владата во Париз е претпазлива поради искуството од 2022 година, кога обемните субвенции придонесоа за раст на буџетскиот дефицит, кој државата сè уште се обидува да го намали.

Според планот на владата, сите мерки би се спроведувале на месечна основа, за да се овозможи брзо прилагодување во зависност од движењата на цените и фискалните можности.

„Нема да оставиме никого без помош, но нема да трошиме пари што ги немаме“, рече Лекорни.

Франција не се соочува со недостиг на гориво и покрај војната на Блискиот Исток , но има повремени логистички тешкотии во некои региони, изјави вчера портпаролката на француската влада и министерка за енергетика Мод Брежон.

Министерот ги отфрли тврдењата за недостиг на гориво во Франција и објасни дека проблемите се ограничени на „повремени логистички тензии“ на некои бензински пумпи, особено оние со пониски цени, поради локалните скокови на побарувачката.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести