back to top
11.8 C
Skopje
петок, 18 септември , 2026

Ова е најновиот план – ЕУ ќе има 40 членки?

Други наслови

Претседателот на Финска, Александар Стуб, изјави дека Европската Унија треба да размисли за значително проширување со вклучување на 40 земји-членки, вклучувајќи ја и Канада.

Зборувајќи на конференцијата за енергетика во Хелсинки, Стаб ги спомена Велика Британија , Турција , Норвешка и Исланд како потенцијални идни членки или тесно поврзани земји , објави CNBC.

Тој оцени дека актуелните глобални околности, вклучувајќи ја војната во Украина и политиката на САД, создаваат „краток прозорец на можности“ за проширување на Европската Унија и зајакнување на нејзината стратешка моќ.

Стаб особено истакна дека ЕУ треба да го разгледа враќањето на Велика Британија во блокот или нејзиното приближување кон Унијата, како и зајакнувањето на односите со земјите од Западен Балкан , вклучувајќи ги Србија, Албанија , Црна Гора , 
Северна Македонија и Босна и Херцеговина .

Тој ја спомена Турција како земја за која, како што рече, не се зборува доволно, но која е важна од безбедносен аспект и треба да биде што е можно поблиску до Европската Унија.

Тој, исто така, оцени дека Канада може да се смета и за потенцијален партнер или член, со порака дека би било подобро да биде поблиску до Европа отколку до Соединетите Американски Држави.

Стаб додаде дека проширувањето е најдобрата европска политика и дека е потребно „да се размислува географски и амбициозно“, иако истакна дека сè уште е неизвесно како таквото проширување би се имплементирало во пракса.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести