back to top
14.8 C
Skopje
понеделник, 21 септември , 2026

Поднесено обвинение против три лица за стечајот на банката „Еуростандард“ во Скопјe

Други наслови

Основното јавно обвинителство за кривично гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд во Скопјe против три лица кои се обвинети за сторено кривично дело „Предизвикување стечај“, како и обвинителен акт против едно лице за кривично дело „Несовесно работење во служба“, соопшти Јавното обвинителство.

„Според обвинението, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Комитетот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 година до втората половина на 2019 година, постапиле спротивно на одредбите од Законот за банки и интерните акти на банката. Со одобрување на кредити на доверливи правни лица и оние поврзани со нив, без соодветна анализа и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризици, како и со неточно известување до Народната банка, тие придонеле за значително влошување на финансиската состојба на Еуростандард Банка АД Скопје. Со ваквите дејствија, тие придонеле за стечај на банката и штета на доверителите во износ од 1.662.417.664 денари.

Според обвинителниот акт, четвртообвинетиот, во својство на претседател на Надзорниот одбор на „Еуростандард банка“ АД Скопје, во периодот од 2013 до 2019 година, со небрежно вршење на своите овластувања и со невршење соодветен надзор, постапил спротивно на обврските утврдени во Законот за банките.

„Со тоа, тој овозможил одобрување на проблематични кредити, преземање прекумерни кредитни ризици, неточно прикажување на финансиската состојба на банката и непочитување на законските и интерните процедури за кредитирање, со што придонел за создавање очигледна несолвентност, намалување на сопствените средства на банката и нејзин банкрот по сила на закон“, се вели во соопштението на Обвинителството. 

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести