Номиналниот бруто домашен производ (БДП) на Полска достигна 922,9 милијарди евра, што претставува 4,9 проценти од вкупното економско производство на 27-те членки на Европската унија, покажуваат новите податоци на Европскиот завод за статистика (Евростат).
Така, Полска се позиционираше веднаш зад Холандија, а пред Белгија, Шведска, Ирска и Австрија. Ова ја прави полската економија повеќе од двојно поголема од онаа на Романија, нејзината најблиска регионална еквивалентка, која забележа БДП од 380,1 милијарди евра.
Чешката Република следеше со 347,3 милијарди евра и Унгарија со 218,8 милијарди евра, со што се потврдува улогата на Полска како регионален економски лидер.
Германија остана најголемата економија во блокот со БДП од 4,47 трилиони евра, што претставува 23,8 проценти од вкупното производство на ЕУ. Франција е втора со 2,99 милијарди евра, по што следат Италија со 2,26 милијарди, Шпанија со 1,69 милијарди и Холандија со 1,17 милијарди евра. Вкупниот БДП на Унијата во 2025 година достигна 18,8 милијарди евра.
Долгорочните прогнози укажуваат на континуиран силен раст. Според извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавен претходно оваа година, се очекува Полска да ја престигне Швајцарија и да стане 20-та најголема економија во светот до 2028 година, објави Полската јавна служба (ТВП) .
