Пратеникот Миле Цеков денес објави дека го напушта ЗНАМ и дека ќе дејствува како независен пратеник во Собранието, нагласувајќи дека повеќе не е дел од владејачкото мнозинство.
Во своето јавно обраќање, тој рече дека влегол во политиката за да им служи на татковината и граѓаните, но дека очекуваните промени не се реализирани.
„Пред две години станав пратеник за да се обидам да ги променам работите, да побарам одговорност за криминалот и корупцијата и да се борам за промена на системот, како и да покажам дека во политиката има место за чесни и вредни луѓе. Но, за жал, овие промени не се случуваат“, напиша Цеков, меѓу другото.
