„Исламската Република ви кажува дека ако продолжите со војната, тоа ќе го направи животот на американскиот народ мизерен и ќе предизвика големи проблеми за американската економија“, рече Резаи.
Поранешниот командант на Револуционерната гарда на Иран и воен советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, изјави дека Техеран, доколку САД продолжат со војната, ќе им го загорчи животот на Американците и ќе предизвика големи проблеми за американската економија, објави денес американската телевизија „Фокс њуз“.
– Исламската Република ви кажува дека ако продолжите со војната, тоа ќе им го отежни животот на американскиот народ и ќе предизвика големи проблеми за американската економија – рече Резаи на прес-конференцијата.
Тој изјави дека Техеран му предложил на Вашингтон „патот што чини најмалку“ и дека сака фер преговори.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно денес на својата социјална мрежа True Social објави дека преговорите со Иран напредуваат добро, но дека мировниот договор мора да им одговара на сите страни.
– Тоа ќе биде само голем договор за сите или никаков договор, назад на бојното поле и пукање, но поголем и посилен од кога било досега, а никој не го сака тоа – рече Трамп во соопштението.
Американскиот весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуваните посредници меѓу САД и Иран, наведува дека преговорите денес се забавиле, поради силните позиции на двете страни за иранската нуклеарна програма и укинувањето на санкциите против Техеран .
Трамп и други функционери во американската администрација изјавија во текот на викендот дека договорот е блиску, а Трамп кратко потоа изјави дека нема да брза да склучи договор ако тој не е добар.
