back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Сообраќајна несреќа на „пластичарска“ во Скопхе, загина 19 годишно момче

Други наслови

Деветнаесетгодишен маж загина во несреќата што се случи синоќа на раскрсницата од булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“, во месноста позната како Пластичарска улица во Скопјe.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата е пријавена во 22:21 часот, а во неа учествувале Ауди А4 и два мотоцикли.

Возачот на мотоциклот БМВ, М.Ф. (19) од Скопјe, се здобил со тешки телесни повреди како последица на судирот. Тој бил пренесен на лекарска помош, но и покрај напорите на медицинската екипа, не ги преживеал повредите. Смртта била констатирана во 23:11 часот.

Во несреќата учествувале и автомобил „Ауди А4“, управуван од Н.Х. (31) од село Визбегово, како и мотоцикл „Хонда ХДВ“, управуван од Н.Б. (21) од Скопје.

Надлежните органи извршиле увид на местото на настанот, додека се истражуваат околностите и причините што довеле до смртоносната несреќа.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести