back to top
10.8 C
Skopje
четврток, 15 октомври , 2026

Ќерката на Џенифер Лопез го смени името и се претстави како маж

Други наслови

Ема Марибел Муниз, ќерката на музичките ѕвезди Џенифер Лопез и Марк Ентони, го промени своето име во Оскар Муниз и се претставува како маж на Инстаграм.

На Инстаграм профилот на кој се објавуваат колеџите на кои се одлучиле да се запишат дипломците од училиштето „Виндвард“, оваа 18-годишна девојка е потпишана како Оскар Муниз, а објавена е и нејзина фотографија од детството.

Фотографија: Инстаграм/windward26college

Таа планира да студира на колеџот „Сара Лоренс“ на есен, на студии по театарска уметност. Во описот на публикацијата е означен нејзиниот профил, во чиј опис се наведени два симбола: ⚣ (означува геј мажи) и ⚧ (претставува трансродово лице). На оваа социјална мрежа, таа исто така изјави дека сака да ѝ се обраќаат во машки род (хех).

Слика од екранот: Instagram/oskarjjaco

Џенифер Лопез и Марк Ентони сè уште не ги коментирале шпекулациите дека Ема одлучила да се подложи на промена на полот. Поранешната двојка има и син, Макс.

Неодамна, за време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“, пејачката, зборувајќи за матурата на своите деца, рече дека плаче веќе два месеци додека се подготвуваат да си одат од дома.

Таа откри дека одлучиле да одат на различни колеџи и додаде дека најважно за неа е да бидат среќни и да можат да прават што сакаат.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести