back to top
13.8 C
Skopje
петок, 9 октомври , 2026

„Стотици години најстрашна злоупотреба“; Петицијата стигнува до кралот Чарлс

Други наслови

Во понеделник, владата на Јамајка ќе му достави петиција на британскиот крал Чарлс во врска со репарациите за ропството, изјави министерката за култура на земјата, Оливија Грејнџ, јавува денес Би-Би-Си.

Во понеделник, владата на Јамајка ќе му достави петиција на британскиот крал Чарлс во врска со репарациите за ропството, изјави министерката за култура на земјата, Оливија Грејнџ, јавува денес Би-Би-Си.

Во петицијата ќе се побара од кралот, кој е шеф на државата Јамајка, да упати три прашања до Судскиот комитет на Тајниот совет (JCPC), највисокиот суд на островската нација, во врска со легалноста на поробувањето на Африканците во Јамајка.

Овие прашања се однесуваат на тоа дали поробувањето на Африканците во Јамајка било легално според англискиот закон, дали тоа го прекршувало меѓународното право и дали Велика Британија сега има законска обврска да обезбеди репарација.

Стотици години од најстрашната злоупотреба; Петицијата стигнува до кралот Чарлс

Грејнџ рече дека тоа би можело да го отвори патот за долгоочекуваното решение за „стотици години од најстрашната злоупотреба што ја претрпеле нашите африкански предци“.

Таа, исто така, ќе се сретне со претставници на Британскиот музеј за да разговара за враќањето на артефактите земени за време на колонијалната ера, соопшти британската јавна служба.

Петицијата, која не е барање за исплата на пари, нема да му биде доставена лично на кралот, туку на секретарот на Судскиот комитет на Тајниот совет.

Кралот Чарлс нема лично дискреционо право да одлучи дали да ги упати овие прашања на суд.

„Кога ќе ги добиеме одговорите, односно реакцијата на тие прашања, тогаш ќе бидат утврдени следните чекори“, рече министерот Грејнџ.

Бакингемската палата тесно соработува со генералниот гувернер за да се осигури дека петицијата е правилно поднесена.

Портпаролот на кралската палата изјави дека кралот Чарлс постојано ја изразувал својата лична и искрена посветеност на промовирање на подобро разбирање на прашањето за ропството и наоѓање начини за исправување на историските неправди во корист на денешните заедници.

Стотици години од најстрашната злоупотреба; Петицијата стигнува до кралот Чарлс

Кога ропството било укинато во поголемиот дел од империјата во 1833 година, британската влада им исплатила на сопствениците на робови 20 милиони фунти репарации.

Кредитите земени за собирање на тие пари беа вратени дури во 2015 година.

„До 2015 година, Велика Британија им исплаќаше пари на сопствениците на робови затоа што бевме третирани како имот“, истакна Грејнџ.

Таа додаде дека прашањето навистина треба да биде: ако во модерното време сè уште се плаќаат долгови на сопствениците на робови за имот што го поседуваат луѓето од Јамајка, а тоа е поради укинувањето на ропството, тогаш зошто оваа земја сега не бара некаков вид на репарација.

Во 2015 година, Дејвид Камерон, кој во тоа време беше премиер, ја отфрли можноста за компензација за улогата на Велика Британија во историската трговија со робови.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести