back to top
15.8 C
Skopje
среда, 7 октомври , 2026

Тага: Познатиот фудбалер почина на денот на отворањето на Светското првенство, беше светски шампион

Други наслови

Фудбалскиот свет тагува по уште еден гигант! Херкулес Брито Руас, легендарниот централен бек на бразилската репрезентација која се искачи на врвот на светот во 1970 година, почина во четврток на 86-годишна возраст.

Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) ја потврди тажната вест, но не даде детали за причината за смртта.

Брито беше незаменлив дел од една од најдобрите генерации во историјата на фудбалот. Одигра 61 натпревар за репрезентацијата на Селеса во периодот од 1964 до 1972 година. Учесник беше на Светското првенство во 1966 година, но врвот на славата го доживеа четири години подоцна во Мексико, кога заедно со Вилсон Пјаца формираше непробоен ѕид во одбраната, чувајќи го грбот на асови како Пеле, Жерзињо и Тостао.

 Брито нè остави како еден од најголемите дефанзивци во историјата на бразилскиот фудбал. Секогаш ќе го паметиме неговиот придонес во победата на Светското првенство во 1970 година – рече претседателот на конфедерацијата, Самир Шауд.

Покрај најважниот трофеј во фудбалот, Брито со репрезентацијата го освои и Рок Купот во 1971 година и Купот на независноста во 1972 година.

– Му оддавам почит на овој идол на нашата земја. Нека неговиот борбен дух биде инспирација за нашите играчи кои ќе се натпреваруваат на претстојното Светско првенство – додаде Шауд.

Оваа вест доаѓа во време кога репрезентацијата на Бразил, петкратниот светски шампион, се подготвува за кампањата за шестата титула, а својот прв натпревар ќе го одиграат во сабота против мароканската репрезентација.

YouTube Video Thumbnail

Најнови вести